Жена добила изгореници од втор степен откако пламнал шпорет

изгореници

Од полицијата информираат дека несреќата се случила во зграда на улицата „Моша Пијаде“, односно на терасата од станот во кој со сопругот живеела Н.Н. Во момент кога жената се обидела да го запали шпоретот кој бил поврзан со плинска боца – истиот пламнал и ја изгорел со пределот на главата, рацете и нозете.

Повредената била пренесена во ЈЗУ Крива Паланка каде и се констатирани изгореници од втор степен и е задржана на лекување.