Средовечна жена се обиде да се самоубие денеска околу 11.30 часот скокајќи од Бедински мост над автопатот Куманово-Табановце.
Кумановката во тешка состојба била забележана од случајни минувачи кои повикале полиција и Брза помош.
– Жената се здобила со скршеници на карлица, долен и горен екстремитет, повреди има на главата, градскиот кош, има тешки повреди и мора да се упати на терцијално лекување, изјавил доктор Методија Димковски, хирург во општата болница во Куманово.
Од кумановската полиција го потврдија случајот и информираа дека станува збор за 54 годишна жена со иницијали В.Ј од населбата „Бабин Дол“.