Жена од Кина ги скршила нозете откако паднала со параглајдер во Крушево

46-годишна државјанка на Кина попладнево паднала со параглајдер во Крушево и при тоа се здобила со тешки телесни повреди. Како што информираат од СВР Битола, параглајдеристката била пренесена во прилепската болница каде и е констатирани повреди на нозете.

Во 13.40 во полициската станица во Крушево жител пријавил дека во дворот на селската амбуланта при слетување има паднато женско лице, параглајдерист. Повредената е пренесена во прилепската болница каде и е констатирана скршеница на зглобот, на потколеницата, велат од СВР Битола.