Жена од Приштина се удавила во Треска

Жена од Приштина се удавила вчера во реката Треска, информираше МВР.

Според полицијата, во 16.55 часот телефонски во Единицата за информации и команда -Скопје, граѓанин пријавил дека во Сарај, во водите на реката Треска , во непосредна близина на угостителски објект забележал женско лице како се дави и бара помош. Од страна на граѓани жената била извадено на брегот и според пријавата на граѓанинот, се уште давала знаци на живот. Но, кога пристигнала Итна медицинска помош, од страна на доктор констатирана е смрт.
Лицето е идентификувано и утврдено е дека се работи за М. Ц. (31) од Приштина-Косово, која била на гости кај нејзината сестра во Скопје.

Според пријавеното, несреќниот настан се случил додека двете сестри се шетале покрај Треска, М.Ц се лизнала и паднала во водата .Увид извршен од Јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина .