Жена погодена со куршум додека си седела во дворот

Жена од село Љубаништа синоќа била погодена од куршум, додека си седела во семејниот дом. Синоќа во 22.30 часот во дворот од семејната куќа, С.А. откако слушнала звук, најверојатно од истрел од огнено оружје,  се пожалила на болка во главата бидејќи нешто силно ја удрило.

Кога жената се допрела забележала крв, а кога станала од столот на кој што седела, од нејзе паднал и куршум со кој што била погодена.

На жената и е укажана лекарска помош во медицинскиот центар-Струга, каде се констатирани телесни повреди, по што е пуштена на домашно лекување.

Извршен е увид на местото на несреќата.