
Триесет и петгодишна жена од Прилеп била извлечена мртва од водите на вештачко езеро во село Борино, Крушевско.
Според информациите на полицијата, станува збор за лицето В.Ј., а нејзиното тело било пронајдено вчера околу 13 и 30 часот. Извршен бил увид на местото, а по наредба на јавен обвинител, на телото на починатата нема да се врши обдукција.