Телевизијата SHENJA објавува детали за убиството што се случи во саботата вечерта на улицата „Дижонска“ во скопската наслеба Чаир.
Како што дознава TV SHENJA, вчера на местото дошла Ж.К (1976) од Тетово, која ја нападнала М.Ш. (1984) со секира. Потоа, M.Ш ја прободела со нож и ја усмртила Ж.К.
Ж.К била испратена со возило на брза помош во болница, но им подлегнала на повредите.
Екипи од МВР и Јавното Обвинителство веднаш излегле на местото на настанот за да го истражат случајот.
Се очекува МВР да излезе со официјална верзија за убиството на „Дижонска“.