Жена во Тулон со повикот „Алаху акбар“ со нож рани две лица

Притворена е жена којашто со нож во неделата во местото Сеин-сур-Мер на југот од Франција повредила две лица во супермаркет, со повиците „Алаху акбар“ (Господ е голем), соопшти државниот обвинител на Тулон.

Жената нападнала еден купувач и го ранила во градите и тој е хоспитализиран, прецизирал државниот адвокат Бернар Марешал за AFP потврдувајќи ја претходната информација што ја објави порталот на локалниот дневен весник Nice Matin. Во нападот полесно е повреден и касиерка.

„Очигледно станува збор за изолиран случај на душевно нарушување“, коментирал Марешал и додал дека не ја исклучува можноста дека станува збор за радикализирано лице.

Сторителката, којашто од претходно не ѝ била позната на полицијата, се наоѓа во моментов во притвор, а за нејзиниот напад е отворена истрага.

Во домот на притворената во неделата попладнето траеше претрес за да се процени дали жената имала поврзаност со џихадистичката организација Исламска држава, рекол државниот обвинител.