Додека мажите се забавуваат со три натпревари дневно, и една четвртина од жените ќе најдат забава преку неверство. Но, не се само жените, и мажите го користат фудбалот како изговор за изневерување.
Шокантното истражување што го спроведе сајтот за запознавање зафатени луѓе Gleeden откри дека жените нема да го толерираат недостатокот на внимание на мажите за време на фудбалското првенство. Овој француски сајт со два милиони членови првествено е свртен кон жените што веќе се во врска или во брак.
Откриле дека за време на Светското првенство во 2014-тата бројот на регистрирани жени пораснал за 71 отсто за еден месец. Тоа во превод значи дека во просек секој ден се регистрирале по 1.400 жени. Испитале 5.000 нивни членки и четвртина од нив признала дека би се позабавувала со неверство додека нејзиниот сопруг или момче гледаат фудбал. Само 12 отсто од нив би сакале да гледаат натпревари со својот партнер.
Истовремено дури 76 отсто од мажите би го искористиле изговорот „одам да гледам натпревар“ за да ја изневерат партнерката.