Во споредба со женките од другите цицачи, жените имаат поголем процент телесна маснотија и тоа околу 30 отсто.
Професорот Вил Ласек од Универзитетот во Питсбург ја расветлил мистеријата која долго ги интригира научниците.
Имено, маснотијата присуна во задницата и бутовите на жените помага во развој на мозокот на нивните идни деца.
„Потребно е многу масти за развој на нервниот систем, а маснотиите кои се наоѓаат во овие зони содржат докозахексаеноинска киселина(ДХА) која е примарна срукурна компонента на човечкиот церебрален кортекс“, објаснува Ласек.„Жените еволуирале дака што ја акумулираат оваа добра маснотија пред да се роди бебето“, наведува тој, и додава дека 80 отсто од ДХА која му е поребна бебето ја добива од маснотиите кои мајките ги имаат акумулирано на овие места.
Трансмисијата првенствено се врши при доењето. Затоа жените брзо губат на тежина додека дојат.
За Дејвид Бејнбриџ, биолог од Универзитетот Кембриџ, повеќе од јасно е дека жените со истакнати облини раѓаат поинтелегентни деца.Несвесно, од памтивек, мажите биле повеќе склони кон таквите жени, бидејќи нивните деца биле посилни и попаметни и со тоа имале поголеми шанси да преживеат.