Жените во скопската општина Шуто Оризари добија гинеколог

Министерството за здравство информираше дека од денеска, започнува со работа гинекологот во амбулантата во скопската општина Шуто Оризари.

Во амбулантата ќе работи д-р Вјолца Мбиара, специјалист-гинеколог со долгогодишно работно искуство, меѓу другото, и во американска болница во Албанија.

„Конечно во амбулантата во Шуто Оризари ќе работи и гинеколог, со што решивме долгогодишен проблем и обезбедивме континуирана гинеколошка здравствена заштита за жените од oпштината“, изјави министерот Арбен Таравари.