Жерновски и Коsијас избегаа од салата за време на говорот на Иванов во ОН

Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски денеска ја напушти салата на ОН во моментот на обраќањето на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Интересно е што Жерновски и шефот на грчката дипломатија Никос Коsијас ја напуштија просторијата оркестрирано, во моментот кога претседателот Иванов во своето обраќање се осврна на договорот со Грција, односно во моментот кога аргументирано говореше за прекршување на човековите права на Македонците од страна на Грците.

Жерновски и неговиот грчки колега немаа слух за состојбата на Република Македонија, на која според претседателот Иванов и е ускратено правото на самоопределување од страна на Грција.