Жерновски ја презеде функцијата во МНР

 

Новиот заменик министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска  во МНР да ја презеде функцијата.

Тој објави две фотографии на неговиот Фејсбук профил, од кои може да се види дека „добредојде“ му посакал министерот Никола Димитров.

Чест е да се биде во тимот на министерството со најголем рејтинг кај граѓаните, напиша Жерновски.

Од 2013 до 2017 тој беше градоначалник на Општина Центар од редовите на ЛДП, коалиционен партнер на СДСМ. Минатата година, непосредно пред локалните избори Жерновски премина во редовите на СДСМ, а во март годинава стана и член на Централниот одбор на социјалдемократите.