Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски продолжува да манипулира со граѓаните дека сите други, освен самиот тој, биле виновни за состојбата со загадувањето на воздухот, кое е на енормно високо ниво.
Во моменти кога присуството на штетните ПМ 10 честички во централната скопска општина е 10 пати над дозволеното ниво, а жителите бараат одговор од градоначалникот за таквата состојба, Жерновски манипулира дека немал никкаив ингеренции во оваа област.
-Општините во склоп на Град Скопје немаат речиси никакви ингеренции, за жал, во оваа област. Мерките треба да ги преземаат надлежните министерства, потоа и самиот град. Сето ова го кажав јасно и на последната кординативна седница на скопските градоначалници, одговара Жерновски со коментар под фотографија на која се гледа дека концентрацијата на отровните ПМ 10 честички е 478 мг/м3.
Дека Жерновски свесно ги замајува центарци и целокупната македонска јавност може многу лесно да се забележи само ако се отвори официјалниот сајт на Општина Центар. Имено, во надлежности на општината, под точка 2 во „Заштита на животната средина и природата“ стои дека општината покренува иницијативи и презема мерки за заштита и спречување на загадувањето на воздухот.
-Покренување иницијативи и преземање мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита од бучава и од нејонизирачко зрачење, стои во точката 2 од надлежностите на општината.
Андреј Жерновски и Општина Центар наместо да ги применуваат повие надлежности, да покренат иницијативи и преземат мерки за заштита и спречување на загадувањето на воздухот, градоначалникот на социјалните мрежи отворено ги лаже граѓаните дека тој немал никакви ингеренции и одговорноста ја префрла на централно ниво, повторно обидувајќи се да ја затскрие својата неспособност.