Јасмина Апостолова предава природни науки во ова училиште. Таа во изјава за „Курир“ вели дека нивното барање е да им се исплаќа редовен месечен надоместок.
Проблемот се јави при разрешување на директор и поставување на повеќе директори во исто време. Тука треба да се праша градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и неговите службеници кои ги изготвуваат тие решенија, за краток период назначување на повеќе директори, рече таа.
Со двајца директори, вели Апостолова, се функционира како во состојба на мобинг. Вели дека оваа ситуација треба да се среди од страна на општината.
Билјана Лалчевска-Серафимовска е одделенски наставник во училиштето. И таа бара општина Центар да го реши проблемот.
Од СОНК добивме писмено известување дека градоначалникот Жерновски е должен да го реши овој проблем, што во моментов се создаваат услови за да се земе плата. До овој момент немаме земено плата. Овој проблем треба да се реши за сите училишта на територија на општина Центар, вели наставничката.
За ваквата состојба и итноста од нејзино решавање Жерновски беше предупреден од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, но тој продолжи во својата замислена насока.
Советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Петковска која 7 години работи во тоа училиште, јасно му порача на Жерновски дека политиката не смее да се меша во училиштата. Тоа му го порача уште во месец септември, а подоцна го праша дали чувствува одговорност. Скандалозниот одговор на нејзиното прашање пристигна денес, кога општина Центар испрати соопштение во кое вели дека Жерновски и неговите советници од СДСМ, први ќе го поддржат штрајкот.
На седница на општина Центар, детално образложение даде и директорката Даниела Костадинова.
Градоначалникот знае дека хаосот кој го предизвика со цел да внесе партиски кадри во училиштето резултираше со ваква состојба, а, денес, сосема контрадикторно, го поддржа штрајкот кој е резултат на неговите одлуки. Тој си постави нов директор додека училиштето се уште имаше своја директорка, со што создаде вистински хаос во „11-ти октомври“.
За скандалот…