Денеска околу 18.20 часот се случила престрелка пред седиштето на ДУИ во с. Мала Речица, пренесува порталот „Shqipmedia“, од извори на место на настанот .
Според информациите се случил сериозен инцидент помеѓу две ривалски групи на ДУИ пред седиштето на партијата. Сè уште не е познат идентитетот на жртвите.
Според жителите на Речица, имало големи пукотници кои предизвикале паника и страв. За кратко време со повеќе информации за настанот ќе извести порталот. „Shqipmedia“пренесува дека во Клиничката болница во Тетово биле донесени две лица со прострелни рани, од кои едното е транспортирано на КАРИЛ. Во врска со настанот на излезот од Тетово се приведени две лица со возило со Кумановски регистарски ознаки.