Јавноста жестоко реагира на срамниот напис на еден од креаторите на политиките на СДСМ Бранко Героски, уредник на порталот Плус Инфо и весникот Слободен Печат.
Повеќе би сакал да зборувам за возење кајак во солна киселина, отколку на темите за кои сака да зборува Бранко Героски.Сум се натпреварувал со срце и душа за Република Македонија, а не за федерализирана Македонија и гордо сум го веел знамето, целото, на мојата татковина. Не половина од него. Вакви идеи може да излезат само од некој кој никогаш не се почувствувал национално горд Македонец и оваа држава не му значи ништо. Не ми е чудно за дотичниот, само е крајно срамно.”
На ваквото пропагирање федерализација на Македонија од страна на идеологот на СДСМ реагираа и актерите Тони Михајловски и Владо Јовановски.
Јовановски напиша: „…мислам дека петата колона во Македонија ја заврши агендата за која беше плаќана цело време. Време е меѓународниот фактор, поточно нашите стратешки партнери да размислат за инсталирање на шеста колона, со единствена агенда, укинување на македонскиот народ, јазик и култура засекогаш, со некое Пржино 6 или пржење на шеска… Можеби тогаш Македонецот најпосле, ќе го извади кубурот, кој го чува за недај Боже”.
Михајловски му порача на Героски кратко и јасно: „Да не сте ја чепнале Македонија, оти може без рака да останете”.