Вработувањето на Мухамед Зекири во СДСМ дополнително ги изреволтира членовите и симпатизерите на опозициската партија, па откако Нора Шаќири јавно го праша Заев зошто е помалку вредна од Зекири, тој и одговори оти не знаел дека таа има потреба од ангажман и работа, и ја повика на кафе кај него во партија, бидејќи Нора „требало само да спомне“.
Ваквата отворена понуда на Заев кон Нора Шакири наиде на реакција од Мицковски. Според него, доколку Груевски напишел „Секогаш можеш да сметаш на ВМРО“ ќе пукнело скандал“, но вака ќе си ќутат на глупостите и немањето памет.
Со реакција се јави и некогашниот претседател на градската организација на социјалдемократите Љупчо Палевски, кој му порача на Заев дека така може да вработува во „Еленица“