Не ги заборавајте солзите на мртвите деца, порачаа во средата семејствата и роднините на убиените момчиња откако поради болест на еден од судиите беше одложена денешната судска расправа за случајот „Монструм“, односно убиството на четирите момчиња и еден возрасен маж на Смилковското езеро крај Скопје.
На почеток од судењето, судијата Огнен Ставрев рече дека денеска ништо нема да се работи оти неговиот колега бил болен.
На ова остро реагираа роднините на убиените момчиња кај Смилковското езеро. „До кога вакви игри судија?“ и
„Ни ја ветивте вистината, а сѐ уште не сме ги слушнале снимените телефонски разговори за овој случај“, коментираа роднините на убиените.
Судијата Ставрев, пакм објасни дека и нему не му било лесно и сметал дека денеска ќе се сослуша заштитениот сведок.. Побара од роднините да не мешаат политика во судската расправа. Објасни дека во следните рочишта тој и обвинителството ќе имаат доволно време да го испитаат заштитениот сведок а неговиот исказ ќе го слушне и јавноста.
За семејствата на жртвите е сомнително одлужувањето, бидејќи и во минатото се случувала истата пркатика.
Случајот „Монструм“ е повторно во судница откако Врховниот суд минатата година ги укина доживотните затворски казни за шестемина обвинети па предметот го превзема Специјалното јавно обвинителство. Судската расправа продолжува на 22-ри август месец.