Жестоко лобирање за прием на Косово во Интерпол, Пацоли голем оптимист

Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, објави на социјалните мрежи во неделата дека е утврдена агендата на самитот на Интерпол кој започна денеска во Дубаи и дека за барањето на Косово за зачленување во Организацијате ќе се гласа во вторник на 20-ти ноември

Шефот на косовската дипломатија преку својата фејсбук профил изрази оптимизам дека неговата земја ќе биде примена во меѓународната полициска организација.

„Почеток кој ветува. Потврдена е агендата на самитот на Интерпол и ставена е на дневен ред точката во која Косово аплицира за зачленување. Борбата против меѓународниот организиран криминал и тероризмот е наша цел. Гласањето е во вторник“, напиша Пацоли на Facebook.

За да биде примено во Интерпол за Косово, треба да гласаат две третини од членките на организацијата.

На самитот во Обединетите Арапски Емирати денеска ќе се избира нов претседател, откако досегашниот претседател Менг Хонгвеј во септември годинава беше упасен во Кина поради обвиненија за корупција во времето додека бил заменик министер за јавна безбедност .