Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека зетот на поранешниот руски лидер Борис Елцин, Валентин Јумашев, престанал да работи како советник на претседателот Владимир Путин.
-Можам да потврдам дека пред околу еден месец тој престана да биде советник на доброволна основа – изјави Песков за новинарите, пренесува РИА Новости.