![korona-virus-grcija-zname](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/korona-virus-grcija-zname.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Тренд на зголемување на заразените, хоспитализираните и починатите од Ковид-19 во Грција е регистриран во изминатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави МИА од Атина.
Во периодот од 8 до 14 јули годинава, позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување во однос на една седмица претходно. Хоспитализирани биле 669 лица, што е зголемување во споредба со просекот во претходните четири седмици кога беа заболени 464 пациенти, а на апарати се приклучени 12 пациенти.
За една седмица од Ковид-19 починале 26 лица, што според ЕОДИ е зголемен број, со оглед на тоа дека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици изнесувал 17.