Бројот на работниците во индустријата во декември минатата година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 2,5 отсто, покжауваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, бележи опаѓање од 0,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од три отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е на исто ниво.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија
за 2,7 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,2 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,1 отсто , опаѓање бележи кај Енергија за 0,9 отсто, додека кај Капитални производи индексот е на исто ниво.