Зголемен бројот на работници во индустријата за 0,4 отсто

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, бележи пораст од 1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,2 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0,9 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,3 отсто, Капитални производи за 4,4 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 4,9 отсто, додека опаѓање  бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 отсто.