На средбата стана збор за програмата за работа на Детската болница како и за зголемениот буџет со кој оваа институција ќе располага годинава. Имено, Детската болница – Козле во 2017 година ќе располага со буџет од 125,9 милиони денари, или за 10 милиони денари повеќе од 2016 година. Зголемувањето е наменето за набавка на современи ортопедски помагала за примање на терапија кај децата со цистична фиброза, како и за нови неонатални скринизи за скриени болести кај бебињата. Колку за илустрација, буџетот на Детската болница – Козле во 2016 бил 115,900 милиони денари, а во 2015 година истиот изнесувал 108,000 милиони денари.
Треба да се истакне и задоволството од фактот дека Детската болница – Козле функционира во еден нов современ објект, кој е еден од капиталните инфраструктурни зафати на Владата на Република Македонија во здравството, за чиja градба беа издвоени фиансиски средства во висина од 500 милиони денари и која е опремена со нова опрема која стои на располагање на нашите осигуреници и на пациентите.
За крај на средбата беше истакнато задоволството од слухот кој Фондот го покажува за јавното здравство и беше утврдено дека со добри планови од менаџерите на здравствените установи, како и од континуирана заложба за подобрување на квалитетот на здравствените услуги, ќе работиме на реализација на заедничкиот интерес, а тоа се задоволни пациенти и здравствени работници.