Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 11,6 проценти, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство има зголемување за 21,9 проценти.
Зголемен откуп и продажба статистиката евидентира кај житата, фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, а намален кај индустриските и градинарските растенија, грозјето и добитокот.
Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во јули, додека во август и септември е забележано опаѓање.