Зголемувањето на придонесите за надоместување средства за потрошена струја за социјално ранливите категории од 700 на 800 денари предвидено за годинава веќе почна да се реализира, информира министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Тој додаде дека зголемувањето на придонесите за надоместување на средства за потрошена струја за социјално ранливите категории се реализира согласно Програмата на Владата и ветувањето дадено пред граѓаните.
Граѓаните кои користат социјална помош и се наоѓаат во потешка материјална положба и кои ќе ги приложат сметките за струја во центрите за социјална помош од минатиот месец ќе им бидат рефундирани повеќе средства за надоместување на потрошена електрична енергија.