Државниот завод за статистика соопшти дека во ноември годинава е забележано зголемување на прометот во трговијата на мало.
Во споредба со ноември 2020 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 13,9 отсто, а реално за 8,9 проценти), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 15 отсто, а реално за 12,8 проценти), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 14,5 отсто, а реално за 10,9 проценти) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 45,3 отсто, а реално за 9,9 проценти).