За два сантиметра е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера.
Со тоа, согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Дојранското Езеро е за 1,63 метри повисок од повеќегодишниот просек за декември. Нивоата на другите две езера се пониски од просечните и тоа за два сантиметра кај Охридското и за 1,83 метри кај Преспанското Езеро. Сепак, водостојот на Охридско Езеро е седум сантиметри над дозволениот минимум 693,10 (мнм).
Зголемено ниво во споредба со вчера имаат и голем дел од реките во земјава, а најголемо зголемување од 40 сантиметри има реката Вардар на мерното место кај Јегуновце.