Зголемен водостојот на Охридското Езеро

За два сантиметра е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, водостојот на Охридското Езеро е за 10 сантиметри понизок од просекот за февруари исто како и на Преспанското Езеро кој е за 1,63 метри понизок и е три сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). За разлика од нив нивото на Дојранското Езеро е за 2,89 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој период до годинава.

Водостоите, пак, кај најголем дел од реките во земјава се пониски од просечните и имаат благо зголемување на нивото во споредба со вчера.