![ohridsko-ezero](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/ohridsko-ezero.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
За два сантиметри е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
И покрај тоа, водостојот на Охридското Езеро е за 15 сантиметри понизок од просекот за јануари. Пониско од просечното и тоа за 1,81 метар е и нивото на Преспанското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,6 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.
Повисоки од просечните се и нивоата на речиси сите реки во земјава и главно имаат благо зголемување или намалување во споредба со вчера. Најголемо зголемување на водостојот во споредба со вчера, речиси двојно, има реката Вардар на мерното место кај вливот на Лепенец, а најголемо намалување има Црн Дрим кај Ложани.