Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на Охридското и Дојранското Езеро се исти како вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, водостојот на Преспанското Езеро е за 83 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за март, додека нивоата на двете други прородни езера се повисоки од просечните и тоа за два сантиметри кај Охридското и за 2,83 метри кај Дојранското Езеро.

Растат и водостоите на речиси сите реки во земјава во однос на вчера иако кај сите реки нивото е пониско од просечното за март.