Зголемена побарувачката на јенот, нафтата на највисоко ниво во шест месеци

Трговците се двоумат да заземат нови позиции на берзите пред денешното објавување на американскиот месечен извештај за вработување, што ќе има влијание врз натамошните очекувања во однос на каматните стапки на централната банка на САД.

Бројните солидни американски економски податоци објавени оваа седмица предизвикаа сомневања за темпото и степенот на олеснување на монетарната политика на Федералните Резерви на САД (Federal Reserve – Fed). Овонеделните изјави на претседателот на банката Џером Пауел и други официјални претставници го поддржаа ставот дека намалувањата на стапките оваа година ќе бидат многу конзервативни.

Во вакви услови, на девизните пазари, индексот на доларот, кој ги мери перформансите на американската валута во однос на кошницата од шесте најважни светски валути, претпладнево ослабе за благи 0,02 отсто во однос на претходниот тргвоски ден, на 104,18 поени.

Курсот на еврото во однос на доларот стагнира на 1,0835 долари, а во исто време геополитичките тензии ја зајакнаа побарувачката на јенот, па курсот на јапонската валута порасна за 0,29 отсто во однос на доларот, на 150,92 јени.

А поради геополитичките ценовни тензии на Блискиот исток, цените на нафтата ги достигнаа највисоките нивоа во последните шест месеци, зголемувајќи ја загриженоста на инвеститорите за тврдокорната. Барел од марката Brent во раното претпладневно тргување во петокот на лондонскиот пазар чинеше 90,65 долари, а американскиот барел од марката  WTI чинеше 86 долари.