Поранешниот шеф на британската дипломатија и лондонски градоначалник Борис Џонсон во средата ја зацврсти својата фаворитска позиција во трката за нов челник на владејачката Конзервативна партија и со тоа нов британски премиер, откако доби поголема поддршка од пратениците на „Ториевците“.
Џонсон доби 143 од 313 голасови на пратениците на Конзервативната партија во Долниот дом од британскиот парламент, додека министерот за надворешни работи Џереми Хант беше втор со 54 гласови, а министерот за екологија Мајкл Гоув е трет со 51 глас. Четврт е министерот за внатрешни работи Саџид Џавид со 38 гласови, а министерот за меѓународен развој Рори стјуард доби само 27 гласови и е елиминиран од трката.
Уште двапати пратениците ќе гласаат во четврток по што ќе останат само двајца кандидати. Потоа ќе бидат организирани избори на коишто ќе може да гласаат сите членови на Конзервативната партија, околу 120.000, кои ќе избретат нов лидер на партијата и иден британски премиер до крајот на јули.
Џонсон во оваа кампања влезе со ветувањето дека ќе ја изведе Велика Британија од Европската унија до 31-ви октомври, со или без договор со Брисел. Тој беше поддржан и од еден од досегашните противкандидати, поранешниот министер за брегизит, Доминк Рааб, кој рече дека е убеден оти Џонсон ќе ја изведе земјата од ЕУ до крајот.
„Единстевен кандидат кој тоа ќе го стори е Борис Џонсон, и затоа ќе ги поддржувам да стане иден премиер“, вели Рааб за весникот The Evening Standard.