Зголемени цените на производителите на индустриски производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2022, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки за 0.4% на месечно ниво, а за 18.0 % на годишно ниво.

Во јули 2022, во споредба со јуни 2022, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3.5 %, во секторот Преработувачка индустрија за 1.0% , а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 27.1%.

Во јули 2022, во споредба со јули 2021, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 8.9 %, во секторот Преработувачка индустрија за 16.7 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 49.0 %.