Зголемени цените на угостителските услуги во ноември во однос на октомври

Цените на угостителските услуги во ноември во споредба со октомври годинава се зголемени за 0,5 проценти. Споредено по групи на услуги, според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување е забележано во групата Храна за 0,7 проценти, Безалкохолни пијалаци за 0,2 проценти и Ноќевања за 0,2 проценти.

Угостителските услуги во ноември годинава во однос на ноември лани поскапеле за 1,2 проценти. Во периодот јануари – ноември годинава во однос на истиот период од минатата година, цените на угостителските услуги се зголемени за 0,5 проценти, додека во однос на декември лани за 0,3 проценти.