Зголемени плати и намалена невработеност – резултат на владините политики

 

Зголемувањето на вработеноста во последните 10 години говори за подигање на  економската моќ и стандард на граѓаните во Република Македонија. Со странските и домашни инвестиции, активните политики и мерки за вработување кои од 2007-та создадоа приближно 50 илјади работни места потоа проектот „Македонија вработува“ кој креираше над 15.500 работни места се допринесе невработеноста да падне на 24,6% денес од 38,7% во 2005 прв квартал што е рекордно ниво на невработеност.

Според податоците од 2006 до денес како резултат на сите владики политики за намалување на невработеноста создадени се 150.000 работни места.

Во однос на платите, во 2006 година просечната исплатена нето плата во Република Македонија изнесуваше 13.517 денари, а просечната исплатена месечна нето плата по вработен за месец јануари 2016 година изнесува 22.254 денари (според последните податоци). Зголемувањето е 64,64%.ова

Според податоците на Државниот завод за статистика просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јануари годинава изнесува 22.254 денари и е повисока за 2 отсто во споредба со истиот месец лани, додека просечната исплатена бруто плата е 32.642 денари, односно повисока за 1,8 отсто. Изминатите години имаше зголемување нна платите во јавниот сектор за 25% во периодот пред кризата по што во Буџетот  за 2014 година се обезбедија средства за зголемување на платите во јавниот сектор во износ од 4%, со исплатата за октомври 2014 година.

За првпат во историјата на независна Македонија во 2012 беше постигнат договор за утврдување на минимална плата. За прв пат започна да се применува  исплатата на законски гарантирана минимална плата. Висината на минималната плата за 2012 година изнесуваше 8.050 денари во нето износ додека во 2016 изнесува 10.080 денари. Во дејностите кои се трудоинтензивни, производство на текстил, производство на облека и производство на кожа и слични производи од кожа, исто така има зголемување на минималната плата и од 1 јануари 2015 година изнесува 8.050 денари, за 2016 година 9.000 денари, и во 2017 година ќе изнесува 9.590 денари, а во 2018 година ќе изнесува 10.080 денари.

Според владини претставници сите политики што ќе ги презеде во иднина ќе бидат во насока на намалување на невработеноста и подигање на стандардот на граѓаните.