Засега сѐ уште не се зголемени повиците во скопската служба за Брза помош поради летните горештини, но лекарите тврдат дека е зголеме бројот на повиците од лица позитивни на коронавирусот кои се на домашно лекување.
Овиде денови сѐ почесто се јавуваат пациенти кои што се жалат од влошување на здравствената состојба.
„Имаме зголемен број влошувања на ковид-позитивни лица кои се на домашно лекување и бараат помош од нас. Кај некои интервенираме, некои ги транспортираме до соодветните здравствени установи“, вели др Елена Пиловска од Брза помош Скопје.
Пиловска појаснува дека влошувањето не е поради пеколните горештини.
Лекарите апелираат дека покрај корона вирусот, не смее да бидат занемарени и други болести, особено оние болести кои што се последица на летните горештини.
Сончаница, топлотен удар, грчеви во мускулите се последици на долготрајната изложеност на сонце, велат од Брзата помош.