Зголемено нивото на Дојранското Езеро, некои од реките над просекот за јули

Нивоата на повеќе реки во земјава, кај кои денеска се вршени хидролошки мерења, покажуваат вредности повисоки од просекот за јули.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), зголемување има на Вардар кај Јегуновце, Пчиња кај Катлановска Бања, Бабуна кај Богомила, Брегалница кај Штип, Струмица кај Ново Село и Сушево…

Пониски нивоа од просекот бележат Вардар кај Велес, Треска кај Македонски Брод, Лепенец кај Скопје, Пчиња кај Пелинце, Крива Река кај Крива Паланка и Црн Дрим кај Ложани.

Зголемување на нивото е измерено и на Дојранското Езеро, додека Преспанското Езеро покажува намалување. Нивото на Охридското Езеро е исто.