
Двојно зголемен во однос на просекот за август е водостојот на реката Вардар кај Јегуновце, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Како што соопшти УХМР, минимално покачување на нивото има и на Вардар кај Скопје, како и на Пчиња кај Катлановска Бања.
Водостоите на останатите реки се под августовското ниво.