
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2023 година, во однос на првото тримесечје од 2022 година, е зголемено за 33.4 %.
Зголемување на шумското производство е забележано кај повеќето видови шумски сортименти.
Намалување на шумското производство е забележано кај другото обло дрво од иглолисни видови и друго грубо
обработено дрво, цепeници, дрвени столбови и колци.
Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 28 391 м3 и бележи зголемување за 36.5 %.