Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јануари оваа година изнесува една милијарда 321 милиони 155 илјади денари што претставува зголемување од 47,2 отсто во споредба со истиот период лани, покжауваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 54,4 отсто, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е зголемена за 12,7 отсто.
Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се бележи кај индустриските растенија,
алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата, млекото и млечните производи и рибата, а намалување на
вредноста е забележано кај житата, зеленчукот, фуражните растенија и грозјето.