Родителите благодарни од одлуката на Владата на Република Македонија за продолжување, но и зголемување на паричниот надоместок за средношколци.
Социјалниот паричен надоместок за средношколци ќе продолжи, но и ќе се зголеми. Премиерот Никола Груевски рече дека одлуката за продолжување е донесена бидејќи е оценето оти ефектите од оваа Програма се многу позитивни и потсети дека неодамна е донесена и одлука за зголемување од 10 проценти на социјалната помош.
Од друга страна, сите семејства кои се приматели на социјална помош, а имаат деца кои одат во средно училиште, ќе добиваат дополнителни 12.000 денари со цел да им се помогне за трошоците кои ги има детето и да се охрабри детето да оди на училиште, изјави Груевски.
Зголемување на паричниот надоместок за средношколци
Родителите сметаат дека мерката за зголемување на паричниот надоместок за средношколци е добредојдена. Корисниците на социјалната парична помош велат дека оваа владина одлука многу им значи и дека сега се поспокојни за иднината на нивните деца.
Мери Николовска е корисник на парична социјална помош. Мајка на одлична ученичка. Таа во изјава за „Курир“, го искажа своето задоволство и изрази благодарност за донесената одлука на владата.
Мојата ќерка е во средно образование и е добра ученичка, нема неоправдани изостаноци. Го користиме паричниот надоместок заради подобри школувања, за нејзините потреби и добро би било тој надоместок да е поголем затоа што трошоците се поголеми во средно образование. Висината на тој надоместок е 12.000 денари, вели оваа мајка за „Курир“.
Како што претходно појасни премиерот Груевски, единствениот услов кој треба да се исполни за да се добие овој паричен надоместок е детето редовно да оди на училиште. По објавување на оваа информација низа родители искажаа огромна благодарност и посочија дека нивните одлични средношколци сега имаат поголем мотив за успех.