Со новиот закон за градење сите згради ќе мора да се градат со приклучок за парно.
Според претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоввски сега има 15 до 20 нови згради без приклучок на системот на загревање со топлинска енергија.
На средбата со него претседателот на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија Андреја Серафимовски информира дека тие веќе почнале преговори со регулаторите, а за содржината на законот ќе има состанок и во Министерството за транспорт и врски во креирањето на овој закон.
– Некои инвеститери сметаат дека им е поскапо за приклучување на ситемот на парно греење, но ние како Комора ќе направиме се што е потребно за да им го олесниме пристапот, инфромира Серафимовски.
Инаку, за да ги мотивира инвеститорите зградите што ги градат да ги приклучуваат на системот за парно греење РКЕ ја намали цената на приклучокот од
3.160 на 2.000 денари по киловат. Бислимовски се надева дека со зголемен број потрошувачи на системот на топлинска енергија и со природниот гас цената на парното ќе падне.