![schumaher](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/10/schumaher.jpg?resize=299%2C168&ssl=1)
Иако откако од клиниката се врати дома јавноста нема јасна претстава какво е здравјето на Михаел Шумахер, претседателот на Светската автомобилистичка федерација, Жан Тод, изјави дека очекува стабилизирање на состојбата кај германскиот Ф1 пилот и дека наскоро Шуми би можел да му се врати на нормалниот начин на живеење.
„Го видов Шумахер на почетокот на минатата седмица. Се бори и ситуацијата е значително подобра. Тоа е најважно. Добро е што е дома, со своето семејство. Можеме да претпоставиме дека Шумахер наскоро ќе може да почне да води нормален живот. Но, потребно е време за да се дојде до таа фаза. Треба да одмора и мораме да го пуштиме да заздравува во мир“, изјави Жан Тод.
Михаел Шумахер се здоби со тешки повреди на главата кога на скијање на француските Алпи падна и се здоби со тешки повреди на черепот, а потоа долг период се бореше за својот живот и му беа извршени серија тешки операции.