Жарко Паспаљ, некогаш еден од најдобрите кошаркари во Европа, спаси 1 500 плочи од уништување

Поранешниот кошаркар Жарко Паспаљ, некогаш еден од најдобрите кошаркари во Европа, во 2015 година од контејнерот извадил околу 1.500 плочи, кои биле фрлени по приватизацијата на „Студио Б“. Ја збогатил својата збирка и сочувал многу антологиски музички дела.

„Ова за мене е несфатливо, бидејќи не ги фрлам работите, особено не работи кои всушност се архивски материјал. Драго ми е што барем овие плочи завршија кај мене, бидејќи тие ќе го продолжат својот нов живот овде“, рече Паспаљ.