Жбогар не гледа потреба од ветинг на судиите (ВИДЕО)

Евроамбасадорот Самуел Жбогар смета дека во овој момент не гледа потреба од ветинг за судството во земјава. Ветингот, како што вели, е последна опција која треба да и се случи на Македонија.

– За следната година планираме проект за мониторирање за случаите со висока корупција и верувам дека ова ќе го подобри функционирањето на судството. Ветингот е последна опција, а тоа е консензуз од сите политички партии. Во моментот не гледам дека има потреба од такво нешто. Нашата положба е дека одлуката останува на земјата и самата земја ќе го реши тоа прашање – рече Жбогар.