По денешната ждрепка во Нион за последната плеј-оф рунда од квалификациите за Лигата на шампионите, македонскиот репрезентативец Агим Ибраими со својот Марибор како противник го доби тимот на Селтик кој иако во 3.квалификациско коло беше елиминиран од полска Легија на зелена маса го доби настапот во плеј-оф рундата по суспензијата на Полјаците од страна на УЕФА.
Горан Пандев, за кого се најавува заминување од Неапол, со Наполи пак ќе се судри со шпанскиот Атлетик Билбао во трката за место во групите од ЛШ. Од десетте двојки сигурно за издвојување е и пресметката меѓу Бешикташ и Арсенал, како и онаа на Лил и Порто.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛШ – ПЛЕЈ ОФ
Ждрепка на шампионите
Марибор – Селтик
Салцбург – Малме
Алборг – АПОЕЛ
Стеауа – Лудогорец
Слован Братислава – БАТЕ Борисов
Од ждрепката на нешампионите
Наполи – Атлетик Билбао
Бешикташ – Арсенал
Стандард – Зенит
Копенхаген – Баер Л.
Лил – Порто