Музичарот Жељко Бебек ја прослави 20. годишнина од бракот и, по тој повод, ѝ посвети емотивна објава на својата сопруга Ружица Бебек.
„Љубов, нека ни е среќна 20. годишнина. Ви благодарам на сите за прекрасните честитки и убавите желби“, стои во објавата на Бебек.
Исто така, пејачот сподели фотографија од нивната венчавка, но и неколку фотографии од прославата за годишнината, на која присуствувале неколку блиски пријатели.
Жељко и Ружица стапија во брак во 2002 година, во прекрасниот Дубровник, а ќерката Катарина и синот Ѕвонимир се плодови на нивната голема љубов. Тие се запознале сосема случајно на еден од концертите на Бебек, кога таа му побарала автограм.
Ова му е трет брак на музичарот, а од првиот брак има уште две деца.