Фејсбук страната „Наша Гази Баба“ денеска сподели статус во кој пишува дека населбата Железара се спасила од нова загадувачка индустрија.
-ЖЕЛЕЗАРА СЕ СПАСИ ОД НОВА ЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА!
И покрај противењата на жителите на Општина Гази Баба да не се издава под долготраен закуп парцелата во склопот на фабриката Железара, Градоначалникот Борис Георгиевски спроведе постапка за издавање на парцелата под закуп. Но Уставниот суд на вчерашната седница ја спаси Општина Гази Баба од нова загадувачка индустрија со тоа што го укина Деталниот урбанистички план за фабриката Железара.
Победија граѓаните!, стои во нивниот пост на Фејсбук.